На 6 јуни ќе се оддржува третиот InTech MeetUp

Во АБЦ Кафе Бар на 6 јуни од 19:30 часот ќе се оддржи третиот InTech MeetUp. Овојпат, говорниците ќе зборуваат за новитетите во технологијата и гејмингот.

На двочасовниот бесплатен настан, меѓу говорници ќе бидe Митко Цабевски.

„Секогаш во чекор со најновите технологии и демонстрација на високи перформанси во полето на проектниот менаџмент, со повеќе од 10 години искуство во развивање на продукти и маркетирање на истите. Како сериски претприемач, Митко има основано неколку компании: Tagger, Ambio и uPlug. Митко ќе ни зборува за ‘The next big TECH’“, стои во најавата за Цабевски.

Понатаму, говорник ќе биде Наум Михајловски, кој е моментално работи во TabTale.

„Неговиот интерес за game design почнува од многу одамна. Благодарение на Наум беа имплементирани повеќе промени во Heroes III. Покрај небројаните часови играње видео игри, Наум е дел и од идејата за првиот македонски подкаст за игри GG TV MK, кој е што опстанува веќе неколку години на нашите простори“.

Исто така, како говорник е најавен и дваесет и седум годишниот гејмер, музичар и музички продуцент и графички дизајнер Милан Тасевски.

„Сè уште е студент на машински факултет ама тоа не го спречи да ја развие првата негова игра Small Star Empires и да ја основа компанијата Archona Games. Во 2016 компанијата имаше успешна kickstarter кампања за која ќе раскажува повеќе на InTech MeetUp #3“, велат организаторите за Тасевски.

Инаку, третиот InTech MeetUp е потпомогнат од  SPARKASSE BANK MAKEDONIJA, Cosmic Development, SMS Construction и Piksel, а зад организацијата на овој настан стои  InPlayer и Braisnter.

Сите заинтересирани може да се регистрираат тука.