МЗ: 947 нови случаи на Ковид-19 и 21 починат во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 947 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.450 тестирања. Починало 21 лице, а оздравеле 397 пациенти.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Пријавени се вкупно 21 починати лица, од кои 6 биле пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), тројца од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г).

Деветнаесет пациенти починале во болнички услови, два пациенти во домашни услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Досега во земјата се направени вкупно 555.367 тестирања на Ковид-19.