МЗ: 74 нови случаи на Ковид-19, двајца починати и 17 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на Ковид-19, при направени 4.582 тестови. Оздравени се 17 пациенти, а двајца починале.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип  и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Од двајцата починати, едно лице било од Скопје, а другото од Кичево. И двата пациенти биле постари од 60 години и починале во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Досега во државата се направени 971.395 тестирања на Ковид-19.