МЗ: 22 починати и 872 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие, од Ковид-19 починале 22 лица, односно, девет пациенти од Скопје на 66, 69, 78, 87, 75, 70 и 73 години, четворица од Прилеп на 67, 86, 89 и 45 години, двајца од Гевгелија на 73 години и по еден од Тетово на 72 години, од Велес на 73 години, од Охрид на 79 години, од Кочани на 72 години, од Кичево на 70 години, од Делчево на 75 години и од Струмица на 70 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 872 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 459 случаи во Скопје, 51 во Прилеп, 35 во Кавадарци, по 33 во Куманово, Битола и Охрид, 31 во Тетово, 28 во Гостивар, 24 во Штип, по 15 во Неготино и Берово, 14 во Велес, 13 во Крива Паланка и по 11 случаи во Струмица и Струга.

Потоа, регистрирани се девет случаи на Ковид-19 во Крушево, осум во Демир Хисар, седум во Гевгелија, по шест во Кочани, Радовиш и Пробиштип, по пет во Кичево, Ресен и Богданци, три во Свети Николе и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран,

Регистрирани се 412 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2 и по 1 од Неготино, Крушево и Богданци.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.394 тестови.