МЗ: 16 починати и 254 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 16 лица, односно, пет пациенти од Прилеп на 83, 75, 73, 49 и 75 години, тројца од Охрид на 85, 83 и 77 години, двајца од Скопје на 78 и 62 години и по еден пациент од Куманово на 76 години, од Крива Паланка на 76 години, од Струга на 68 години, од Гевгелија на 75 години, од Кочани на 83 години и од Неготино на 67 години.

Од МЗ исто така соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 254 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 111 случаи во Скопје, 29 во Прилеп, 20 во Кавадарци, 13 во Охрид, десет во Неготино, девет во Битола, седум во Гостивар, по шест во Куманово и Велес и по пет во Тетово и Гевгелија.

Потоа, по четири случаи на Ковид-19 се регистрирани во Штип, Струмица, Струга и Ресен, по три во Кочани, Делчево и Виница и по еден случај е регистриран во Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Богданци.

Регистрирани се 151 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 86, Велес – 17, Прилеп – 15, Тетово – 7, Куманово – 6, Крушево – 4, Гевгелија – 3, Битола, Кичево, Виница, Кратово – по 2, и по 1 од Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка и Радовиш.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.160 тестови.