МЗ: 13 починати, 63 новозаразени и 176 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 13 лица, односно, пет пациенти од Скопје на 69, 72, 66, 77 и 66 години, двајца од Велес на 66 и 80 години, тројца од Струга на 74, 87 и 73 години, еден од Кратово на 52 години, еден од Крушево на 79 години и еден од Демир Капија на 62 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа, се потврдени 63 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 42 случаи во Скопје, три во Куманово, по два во Тетово, Прилеп, Велес, Струмица и Пробиштип и по еден случај е регистриран во Гостивар, Штип, Битола, Охрид, Кавадарци, Неготино, Виница и Крушево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 176 оздравени пациенти, односно, од Скопје-101, Штип-7, Битола-4, Охрид-22, Кавадарци-9, Струга-4, Кочани-4, Неготино-5, Дебар-7, Крива Паланка-3, Ресен-2, Радовиш-1, Берово-3, Пробиштип-2 и од Демир Капија-2.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500. Oд вчера се евидентираат девет контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 432.241 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 529 тестови.