Музеите во Париз повторно отворени за посетителите

Музеите и другите културни установи во Париз повторно ги отворија своите врати за јавноста, после минатонеделниот терористички напад, јавуваат француските медиуми.

Многу од туристичките атракции во главниот град на Франција, вклучувајќи ја и Ајфеловата кула и музеите Лувр и Орсеј беа затворени поради безбедносни причини во саботата.

Сите споменати институции повторно ги отворија своите врати денес во 13 часот, после едноминутното молчење во чест на починатите во нападите.

Објаснувајќи ја одлуката да се затворат музеите, француската министерка Fleur Pellerin рече дека иако на Франција ѝ се случи трагедија, „културата сега е симбол на самооткивање сега повеќе од кога и да било“.

Таа додаде и дека владата ќе помогне при воспоставување на посилни мерки за безбедност во јавните културни установи и на целто подрачје на Париз.

Многу концерти кои требаше да се случат во текот на викендот, меѓу кои и настапите на групите U2, Motorhead, Foo Fighters и Deftones, беа откажани.

И на кило салите, исто така, им беше наложено да останат затворени, но во недела повеќето повторно почнаа да работат.

Извор: NBC