Mултимедијална инсталација на Борис Шемов во Мала станица

Во вторник, во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде поставена мултимедијалната инсталација под наслов „12:05“ на авторот Борис Шемов.

Шемов за потребите на овој проект користи минимум вклучени елементи и дела. Елементите на проектот се создаваат во голема мера сами по себе (со помош на програми, апликации, обучени пилоти), под надзор на уметникот, но не со предоминантни интервенции од негова страна.

Куратор на проектот е Ана Франговска.

Инсталацијата ќе може да се проследи и во наредните два дена на 2-ри (среда)и 3-ти (четврток) декември од 18 до 20 часот.