Мрсни боички со имиња на елементите за полесно учење на периодичниот систем

Chemistry Crayon Labels се етикети за мрсни боички, со помош на кои децата би можеле да го учат периодичниот систем на елементи додека цртаат.

Етикетите се продаваат на Que Interesante продавницата на Etsy, по цена од три американски долари.

Етикетите се именувани според бојата на пламенот која ја произведува одреден хемиски елемент. „Тестот на пламен“ е аналитичка процедура која се користи со цел да се детектира присутноста на одредени елементи во соединенијата, врз основа на бојата на пламенот.

На пример, пламенот на бариум има зелена боја, а на литиум црвена.

Извор: Bored Panda