МОТ: Будење на сетилата и емоциите со „Алексис. Грчка трагедија“ и „The Beautiful“

Синоќа се одржа втората вечер од фестивалот „Млад отворен театар“, а на публиката ѝ беа претставени „Алексис. Грчка Трагдија“ на театарот Мотус од Римини, Италија и „The Beautiful“ на Петар Милошевски од Лондон.

МОТ: Будење на сетилата и емоциите со „Алексис. Грчка трагедија“ и „Прекрасниот“

За „Алексис. Грчка трагедија“ може да се каже толку многу, а сепак да биде малку. Претстава која трогнува и импресионира на сосема друг начин. Музиката беше прегласна, ефектите премногу експресивни, видот  беше замаглен од пареата, воздухот беше разреден, а актерите имаа речиси нечовечна физичка сила и можеа да се споредат со козите од планината за кои ни раскажуваа во претставата.

МОТ: Будење на сетилата и емоциите со „Алексис. Грчка трагедија“ и „Прекрасниот“Претставата е комбинација од грчката трагедија „Едип на Колон“ и реалната сторија за убиството на младиот Александрос Григоропулос на 6 декември 2008 година, додека атинскиот кварт Егзархија беше епицентар на студентските протести. Актерите и нивните соработници заминале во Атина во летото 2010 година, за од прва рака да ги дознаат точните информации за смртта на младиот Алексис. Она што произлегло од соработката на италијанската актерска трупа и домаќините од Грција е една вџашувачка, болно реална презентација на која беа реплицирани протестите, убиството, па дури и она што треба за да добиеме револуција – целата публика се симна на сцена со нив и држејќи ја тупаницата во воздух симболично покажа отпор на системот кој нé гуши.

Еден момент слушавме за Алексис и неговата трагична смрт, друг пат за Полиник – двајцата умираат премлади и недолжни. Емоциите беа насекаде во публиката. Особено ќе се памти изјавата на мајката на убиениот Алексис: „Син ми го убивте два пати. Еднаш кога куршумот му пројде низ телото, а другиот пат кога го оставивте мртов да лежи во правта и сите да го гледаат“.

Ја слушавме оваа изјава, додека нашиот „Полиник“ глумеше како умира, пак и пак и пак. Од претставата си заминав со главоболка, и со огромна почит за храброста која ја има оваа театарска трупа. Браво, и продолжете со ширење на пораката која сите ја одбегнуваат.

Проктот Сирма Антигони е започнат во 2008 година, а произлегува од идејата за анализирање на врската и конфликтот помеѓу генерациите преку земање на трагичната фигура на Антигона како архетип за борба и отпор. И актерите Силвија Калдерони, Владимир Алексиќ, Масимилиано Касу и Алексија Сарантопулу успешно успејаа да ме поттикнат, барем мене, да се запрашам: Што е денес Антигона?

TheBeautiful_PhotoByJosh-Brandao_02Според рецензијата во програмата на МОТ нак втората претстава што ја проследивме „The Beautiful“ е опшишана како „морничава, исклучително визуелна, физичка, постдрамска и постбрехтовска претстава. Таа се занимава со модерното разбирање на убавината на метафоричен и симболичен начин. (…) Како симфонија од зборови, физички движења, музика и светло, The Beautiful ја раскажува личната приказна на ликот, кој, заробен во сопствениот свет, се обидува да стане поубав без да го знае вистинскиот ефект од неговите постапки: физичкото и моралното распаѓање“.

Овој проект е дете на Петар Милошевски, Македонец кој живее и работи во Лондон. Режијата, сценариото, ефектите… сé е смислено од него. И покрај пофалните зборови за секој аспект на претставата, најголем впечаток остава неговата глума. Петар Милошевски е човек кој глуми со секое мускулно влакно, со секој нерв и секоја клетка во неговото тело. Без разлика на кој дел од неговото тело ќе фрлите поглед, тој одлично ја прикажува состојбата во која е неговиот лик, дури и со врвовите на прстите. Во дел од секунда се претвора во друго, па во трето. Секој коментар за тоа како го прикажа сопствениот лик е излишен.

Стефанија Тенекеџиева