Монодрама „Јас сум Григор Прличе“ во клубот ГЕМ

Јас сум Григор Прличе“ е монодрама, напишана од актерот Агрон Биба, родум од Охрид, во време кога тој поминува низ тежок период во животот, соочувајќи се со невработеност и борба за опстанок.
Инспирацијата за ова дело, како што упатува насловот, доаѓа од животот на неговиот сограѓанин Прличев. Атина во 1860 година е во барање на својот идентитет, и наликува на Скопје 2014 година. Агрон Биба, во Охрид и Скопје се чувствува како Григор Прличев во Охрид и Атина. И Агрон си ги наоѓа својот Мелетије и Александрос Ривас Рангавис. Името, јазикот и културата на Агрон се потценува на сличен начин како името, јазикот и културата на Григор во истиот град 150 години подоцна.  Затоа, Агрон заклучува дека тој е душевен наследник на Прличев, и гордо изјавува: „Јас сум Григор Прличе!“.

Монодрамата ќе биде прикажана во петок (6 мај) во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија.