Моника Нелческа е најдобриот студент оратор на УКЛО

По повод Денот на формирањето на УКЛО, 25 април, битолскиот универзитет по вторпат го организираше студентски натпревар во ораторство „УКЛО Тривиум“. Натпреварот се одржа на Педагошкиот факултет, а годинава учествуваа 17 студенти.

Стручното жири предводено профсорката д-р Оливера Костоска за најдобри говорници ги прогласија: Моника Нелческа од Педагошкиот факултет, прво место, Лина Димоска од Економскиот факултет-второ место и Симона Видановска, од Правниот факултет, трето место.

Свој говор имаа студенти од Правниот, Педагошкиот, Економскиот, Факултетот за безбедност и Високата медицинска школа се натпреваруваа на тема: „Јас сум студент, имам право на избор за Европската Унија“.

Најдобрите говорници ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир и натпревар во ораторство, традиционален настан со којшто се одбележува Денот на Европа.

Свеченостите по повод денот на основањето на УКЛО-Битола продолжуваат денеска со промоција на Фондацијата „Тома Фила“ која во иднина ќе го стипендира најдобриот студент од Правниот факултет при УКЛО, а ќе завршат утре со промоција на доктори на науки.