МОН го објави конкурсот за прием на средношколци во јавните ученички домови за 2020/2021

Вкупно 2.553 легла во јавните ученички домови се достапни за прием на ученици за учебната 2019/2020 во новиот Конкурс кој го објави Министерството за образование и наука.

Се работи за 18 домови во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Македонски Брод, Охрид, Свети Николе, Струмица, Струга, Скопје и Штип, каде средношколците ќе бидат сместени и ќе имаат исхрана.

Во главниот град, во пет ученички домови, слободни се вкупно 888 легла.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

„Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24 јуни и трае до 1 јули 2020 година. Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I година почнува од 2 јули и трае до 9 јули 2020 година. Учениците кои имаат поднесена електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 4 јули до 15 јули 2020 во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување“, се вели во повикот.

МОН потенцира дека, по објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерството.

Во Конкурсот се наведени условите за прием, начинот и рокот за пријавување, потребните документи и постапката за прием.