МОФ: Речиси сите студентски парламенти на УКИМ се со истечени мандати

Младинскиот образовен форум ги анализираше мандатите на студентските парламенти при УКИМ, а во прегледот е откриено дека речиси сите студентски парламенти се со истечен мандат. Тоа значи дека изборите на Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“  и изборот за Ректор на најстариот и најбројниот Универзитет во Македонија не би биле легитимни.

Анализата ја пренесуваме интегрално:

„Моменталните студентски претставници во телата за одлучување на Универзитетот Св. Кирил и Методиј се нелегитимни. Јавуваат дека тоа ги крши студентските права согласно статутот на УКИМ, Законот за високо образование и Болоњската декларација.

Исто така ваквата нелегитимност оневозможува легитимно спроведување на изборите на Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а сега веќе и изборот за Ректор на најстариот и најбројниот Универзитет во Македонија.

Информациите кои се студентските претставници на различните факултети, кога и како се избрани би требало да бидат јавни, но истите не се достапни. Повеќето парламенти немаат гласила и не се грижат студентите да знаат за нивната работа. Веб страницата на СПУКМ е исто така недостапна.

Така, подолу може да видите кои се претседателите на сите студентски парламенти на УКИМ и кога се направени промените на студентските парламенти на УКИМ и на одделните факултети. Од податоците може да се види дека најголемиот процент на студентски претставници се со завршени маднати и без право да донесуваат одлуки во името на студентите.

Поради ова, процесот за избор на Ректор кој тече е нелегитимен а неодамна закажаните избори од СПУКМ нема да го решат овој проблем. Потребно е распишување на избори за нов Студентски парламент, со променет модел и во консултација со студентските организации и движења.

Мандати на Студентски парламенти:

1) СПУКМ – завршен мандат

Мандатот на Претседателот на СПУКМ Кирил Спировски е истечен во 2014та година. Веќе две годни без правна основа истиот се продолжува. Избори за нов претседател на СПУКМ не се одржале од  10.10.2012 година.

2) Шумарски факултет – Скопје – завршен мандат

26.09.2013 е избран првиот претседател, Ивица Николовски, за време на Собрание, без избори, со 17 присутни.

Мандатот завршува на 29.09.2015 година, а од тогаш не се распишани избори.

3) Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје – завршен мандат 30.10.2009 е избран В.Д. Претседател со 18 од вкупно 40 пратеника, за време на Собрание. На 14.10.2013 година е избран нов претседател, Симона Димовска, за време на Собрание. Студентски избори за претседател и пратеници во Собранието на студентскиот парламент на овој факултет не се споменуваат.

Мандатот е завршен октомври 2015 година.

Прекршени членови: член 27 од Статутот на СППФ кој вели дека Претседател се избира изричито на непосредни избори, со тајно гласање, а мандатот е 2 години.

4) Економски факултет – Скопје – завршен мандат

На 18.01.2008 е одржано Собрание на кое е изгласан Претседател, Симјановски Спасе. На 01.10.2013 е избран нов претседател, Горјан Танасковски.

Мандатот е завршен во октомври 2015 година.

Прекршени членови: член 23 од Статутот на ССЕФ, како и член 5 од Правилник за спроведување на активности.

5) Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје  – завршен мандат

На 02.06.2006 претседател станува Славчо Кирацовски. Се вели дека е изгласан на избори, но детали за тоа во централниот регистар нема. Следен претседател е Миа Марковска која станува претседател на 28.12.2012 .

Мандатот е завршен во декември 2014 година.

Прекршени членови: 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори.

6) Филозофски факултет – Скопје

Одржано е Собрание на 22.04.2009 каде Претседател е Бобан Трајчевски. Следните записи се дека на 22.02.2016 се свикува Собрание од страна на претседателот Александар Станчевски, и се верификува нов претседател Владимир Крстевски. Информации за избори нема.

Прекршени членови: член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

7) Стоматолошки факултет – Скопје

Собранието го избрало Николче Маркоски со 11 гласа за бидејќи спроведените избори (21.04.2008) резултирале со празна гласачка кутија. На 20.09.2011 избран е Трајче Митрев од страна на Собрание, нема запис за спроведени избори. На 05.05.2014 е избран Никола Маролов со 183 од вкупно 327 гласа, но освен бројот на гласови, нема друг запис за спроведени избори. На 18.06.2015 е избран Марко Младеновски за претседател, но нема никакви записи за спроведени избори освен бројот на гласови.

Прекршени членови: член 30 од Статут на СПУКМ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

8) Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

Собранието бира претседатели на 14.09.2009, 20.06.2012 и 03.10.2013. На 02.06.2016 се бира нов претседател по пат на избори, но нема документи за изборите. Собранието го верификува мандатот на претседателот.

Прекршени членови:член 30 од Статут на СПУКМ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

9) Факултет за музичка уметност – Скопје – завршен мандат

Од 28.06.2007 до 01.03.2013 претседател е Гоце Цоневски. Собранието го избира Васко Рошков на 01.03.2013 година.

Мандатот е завршен март 2015 година.

Прекршени членови: член 30 од Статут на СПУКМ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

10) Педагошки факултет Св. Климент Охридски – Скопје – завршен мандат  Единствениот запис е дека на 04.04.2014 за претседател од страна на Собранието е избран Амир Емини. Нема записи за спроведени избори.

Мандатот му завршил во април 2016 година

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

11) Факултет за ветеринарна медицина – завршен мандат

На 03.02.2014 за Претседател е избран Ѓорѓе Кочев, но освен бројки, нема никаков запис за спроведени избори, ниту запис за одржани седници на Собранието.

Мандатот му е завршен во февруари 2016 година.

Прекршени членови:член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

12) Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје – завршен мандат

Единствениот запис за Парламентот на овој факултет е дека на ден 27.01.2012 е избран Симе Тодоровски за претседател.

Мандатот му е завршен во јануари 2014 година.

Прекршени членови: член 30 од Статутот на СПУКМ, член 45 од Статутот на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

13) Фармацевтски факултет – Скопје – завршен мандат

На 25.11.2011 се верификува мандатот на Мартин Јовановски од страна на Собранието. Нема никакви записи за спроведени избори. На 04.12.2014 се запишува Александар Спиров како претседател, но нема никакви записи за избори. Понатаму нема записи.

Прекршени членови: член 19 од Статутот на СПФФ, член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

14) Градежен факултет – Скопје  – завршен мандат

Се бира претседател на 25.02.2010 и 04.06.2012. Во двата случаи за претседател е избран Игор Николовски од страна на Собранието, а нема записи за спроведени избори.

Мандатот му е завршен во јуни 2014 година.

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

15) Машински факултет – Скопје – завршен мандат

На 24.08.2009 се избира претседател од страна на Собранието. На 28.10.2013 се избира нов претседател, но нема никакви записи за спроведени избори освен бројки на гласови.

Мандатот е завршен во октомври 2015 година.

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

16) Технолошко-металуршки факултет – Скопје – завршен мандат

На 17.01.2011 на седница на Собрание се бира Драган Ѓорѓиевски за претседател. Следен претседател е Миле Секуловски, избран на 29.06.2012 со тајни избори, но нема запис како се спровеле и детали за изборите.

Мандатот му е завршен во јуни 2014 година.

Прекршени членови: член 19 од Статут на СПТМФ, член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

17) Факултет за ликовни уметности – Скопје – завршен мандат

На 02.02.2011 на местото на Миа Ивановска, претседател станува Ѓорѓи Алтанџиев. Спроведени се избори и од 193 гласале 124 студенти. Нема понатамошни записи. Мандатот е завршен во февруари 2013 година.

Прекршени членови: член 45 од Статут на СПУКМ

18) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство  – завршен мандат

На 26.03.2013 Давор Поповски станува претседател. Нема детали за спроведени избори, Собранието го верификува мандатот. Нема понатамошни записи.

Мандатот е завршен во март 2015 година.

Прекршени членови: член 23 од Правилник за спроведување на избори, член 45 од Статут на СПУКМ

19) Архитектонски факултет – завршен мандат

На 08.03.2013 избран е Томчо Билбилоски, нема детали за избори, иако се наведува дека биле распишани. Понатаму нема никакви записи.

Прекршени членови: член 25 од Статут на СПАФ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на изброи

20) Медицински факултет – завршен мандат

На 06.02.2012 на непосредни избори е изгласан Душко Димитриевски. На 05.11.2013 Собранието го бира Ненад Врговиќ за претседател. Имињата на членовите на Изборната ком исија не се поклопуваат.

Прекршени членови: член 10 од СПСФ, член 41 од Статут на СПУКМ

21) Природно – математички факултет – завршен мандат

Побарана е активација на Сојуз на студенти во 2008. До тогаш како претседател се водел Миле Ивановски. Понатаму, нема никаков документ.

22) Факултет за драмски уметности

За реактииврање на друштвото се потпишале 36 студенти, а по спроведени избори избран е Горјан Атанасов за претседател на 14.05.2015.

23) Факултет за електротехника и информациски технологии – завршен мандат

На 30.06.2009 година Зоран Ристиќ станува претседател. Следен запис е дека на 18.10.2011 Анџело Лазаревски е запишан како претседател, а детали за избори нема.

Прекршени членови: член 19 од Статут на СПФЕИТ, член 21 од Статут на СПФЕИТ, член 27 од Сатут на СПФЕИТ, член 45 од Статут на СПУКМ, член 23 од Правилник за спроведување на избори

24) Факултет за физичко образование, спорт и здравје – завршен мандат

На 27.11.2014 е избран претседател, Марино Маркоски, од страна на Собрание. Понатамошни записи нема.

Прекршени членови: член 23 од Статут на СПФФОСЗ, член 16 од СПФФОСЗ, член 18 од СПФФОСЗ, член 45 и 46 од Статут на СПУКМ.