„Мое тело – мој избор!“ – целодневен настан за правата на жената

Иницијативата „Матка“ во сабота во Жена парк – Скопје организира целодневен настан посветен на правото на жената слободно да донесува одлуки поврзани со нејзиното здравје и живот.

„Мое тело - мој избор!“ - целодневен настан за правата на жената

Настанот е обид за свртување на вниманието кон новиот Закон за прекин на бременоста, бидејќи според организаторите, овој закон ја оневозможува жената слободно да одлучи за своето тело и живот, го нарушува правото на приватност на жената и доверливоста на личните и медицински податоци, не придонесува за осовременување на здравстветниот систем и актуелните методи и принципи на лекување и не соодветствува на определбата на државата своето право да го гради врз основа на концептот за човекови права.

– Новиот закон за прекин на бременоста нема да придонесе за пораст на наталитетот во државата. Тој нема да го намали бројот на абортуси, само ќе ги направи нелегални и фатални за жените, велат од Матка.

Во продолжение проследете ја агендата за настанот:

12.00 Изложба на фотографии

12.00 Маратон на документарни филмови

13.00 Кондом рели и друштвени игри

15.00 Форум театар

17.00 Свечено поставување на склуптура на жена во Жена парк

18.00 Концерт: G-Rough, Sleet, Да Џака Накот

+ DJ сет на Фреш и Ангелина