Mладите од 14 до 25 години се најголеми корисници на интернет, УНИЦЕФ бара поголема заштита

Фондот за деца при Обединетите Нации – УНИЦЕФ ги повика децата да бидат во центарот на дигиталната политика, да се прошири пристапот на младите до Интернет и да се гарантира безбедноста од опасностите, се наведува во извештајот објавен денеска.

Во него се посочува дека младите на возраст од 14 до 25 години се најголемата интернет група во светот – 71 отсто од нив имаат онлајн пристап од 48 проценти од населението во целина.

„Интернетот е создаден од возрасните, но се повеќе го користат децата и младите. Дигиталната технологија се повеќе влијае на нивниот живот и нивната иднина“, вели директорот на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Сепак, тој додава дека дигиталниот свет ги изложува децата на нови опасности, вклучувајќи ги и кибер-малтретирањето и злоупотребите, како и нови форми на злоупотреба и насилство.

„Затоа, грижата за нивната заштита треба да биде во согласност со новите технологии“, рече Лејк.