Младите бендови „Cut your nipple“ и „Basement cult“ вечер во СЦ „Дуња“

Во социјалниот центар „Дуња“ вечерва е резервирана за свирка со млади бендови.

Најавени се тетовчаните „Cut your nipple“, во состав Марко Печеновиќ, Теодор Јаневски и Павел Кузмановски.

Исто така, најавен е и скопскиот состав „Basement Cult“, кои и претходно во Скопје заедно свиреа со „Cut your nipple“.

Концертите во СЦ „Дуња“ ќе започнат од 21 часот. Влезот е 50 денари – препорачана донација за артистите.