Младиот пијанист Мустафаоглу настапи на италијанското „Музичко лето“

Со вчерашниот концерт во аудиториумот “Claudio Monteverdi”во Мантова (Италија), младиот пијанист Арда Мустафаоглу ги заокружи концертните настапи во Италија и Германија.

Настапот во Италија е во рамките на седумнаесетото „Музичко лето“ организрано од музичкиот конзерваториум “Lucio Campiani”, на кој традиционално учествуваат сите победници од овогодинешните музички натпревари во Италија. Своето учество на оваа манифестација Арда го обезбеди со победата на престижниот пијанистички натпревар “Antonio Salieri” во Април годинава.

Од 13. до 21. Август, Арда Мустафаоглу имаше концертни настапи во германските градови Дурен и Ахен, како и во куќата на Шуман во Бон. Овие концерти се дел од наградата освоена на пијанистикиот натпревар  ”Pianisti i ri” во Тирана (Албанија).

До крајот на годинава Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички концерти и пред македонската публика.

Учеството на овие концертни настапи е помогнато од Министерството за култура.