„Млади за Скопје“ на 14 март организира концерт на „The Planktons“ и изложба на Стефан Младеновски

Екипата на „Млади за Скопје“ својот четврти настан го најавува за 14 март (недела) од 18 до 19:30 часот кај уличката кај „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, каде ќе има свирка на составот „The Planktons“ и изложба на Стефан Младеновски.

„The Planktons“ се сурф-рок бенд од Скопје, основан во април 2015 година. Зад себе имаат издадено едно ЕP, со наслов: „El Plancton“ и еден албум кој носи наслов „Денес“. Во бендот се Марко Трендафиловски на тапани, Оливер Зрињи – гитара и Дарко Поповски – бас.

Од „Млади за Скопје“ велат дека дека на настапот ќе го носат својот го сурф-рок звук, заедно со него и еден тон „денс“ енергија која ќе ја споделат со сите присутни на концертот.

„Планктонс ви пренесуваат порака да се смеете, да играте и да се забавувате“, соопштуваат Млади за Скопје.

Стефан Младеновски, пак, е роден на во Крива Паланка. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2020 година, оддел графика, класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Член е на ДЛУМ од 2020 година.

Тој е добитник на студентската награда за графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ – 2018, година потоа е учесник на 12-та Графичка работилница „Софија” – Богданци, а притоа има две самостојни изложби во Галеријата на МКЦ. Исто така, информираат од „Млади за Скопје“, Младеновски бил дел од повеќе групни изложби во Тетово, Скопје, Струмица…

Настанот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани. Капацитетот на публика е строго ограничен во согласност со протоколот на владата.

„Млади за Скопје“ гостите на настанот ги имаа вклучено во нивната четврта видео епизода:

[Видео] Млади за Скопје, епизода 4