„Млада Европа на Балканот“ – настан за промоција на културата и уметноста

Музички, филмски и театарски остварувања од млади творци од сите земји кандидати за влез во ЕУ – Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе бидат претставени денеска на културно-уметничкиот настан „Млада Европа на Балканот“.

Настанот го организира Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕФТА и ќе се одржи во Македонски железници-Инфраструктура (спроти главниот влез на Железничката станица), кој ќе биде Креативен центар за аудиовизуелни уметности.

Повод за настанот е и објавувањето на специјалното издание на книгата „Европа наш заеднички дом“ од Жан Моне, еден од основачите на Европската Унија.

Од ЕФТА соопштуваат дека ваков настан ќе се одржува на крајот на секоја академската година.