МКЦ за Скопје – низа настани за одбележување на 55 години од скопскиот земјотрес

Со изложби, филмска и музичка програма Младинскиот културен центар и годинава ќе ја одбележи годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Оваа година, на 26-ти јули, се навршуваат 55 години од трагичниот настан.

„МКЦ за Скопје е настан кој не потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето“, се вели во најавата.

Во продолжение, целосната програма:

Галерија:
20:00
Restart – Изложба на старата и младата генерација на македонски уметници

Филмска програма:
Досие Скопје:
Епизоди 1 – 10
Почеток: 15:30
Kино Фросина & Плато МКЦ

Музичка програма:
Плато МКЦ
22:30
Ayuune Sule (Гана)
Александар Велики (Македонија)
Hornsman Coyote (Србија)
Natty Fiyah SS (Македонија)
+ промоција на нов видео спот на Sethstat & Мирко Попов