МКЦ денеска ја отвора пермакултурната градина „Градиднина“

Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска од 17:30 часот ќе ја отвори новата пермакултурна градина со име „Градиднина“.

Од МКЦ велат дека „Градиднина“ е резултат на меѓународниот проект со наслов Big Time Takeover развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства кои вклучуваат образовни програми за млади” во кој стратешки партнер е ЈУ МКЦ Скопје.

„Истата има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата кои ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина која е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата“, соопштува тимот на МКЦ.

Целта на „Градиднина“ е да биде динамично место кое покрај својата основна функција – создавање на нов простор во МКЦ во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе биде и простор за изникнување на различни идеи и проекти врзани со широки grassroots иницијативи.

За отворањето е најавено и пригодна музика и по некој коктел.