Мјузикл за деца „Љубовта победува сè“ во Театар Комедија

Во Театар Комедија во Скопје денеска во 14:00 часот ќе биде изведен првиот македонски мјузикл за деца со наслов “Љубовта победува сè”.

Главни јунаци се децата од скопската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“, кои ги играат улогите за овошјето и зеленчукот. Останати носители на дејството се Кралот Кромид – Кире Ристески, Кралицата Јаболко-Анастасија Низамова, Учителот – Светлана Лукарова, Раскажувачот – Илина Матеска, Сестрата – Божана Гошева, Братот – Симеон Гошев и Хор – Воспитувачите од градинката.

Мјузиклот е според идејата на Злата Николиќ, во сценарио и режија на Афродита Кирјаковска. Автор на музиката е Борислав Јоргушески, а за костимографијата и кореографијата се погрижија Ратка Џамбазова Коцев и Ема Достинова. Зад продукцијата се потпишува ДО РЕ МИ, гитара – Виктор Захариев и координаторот Лидија Поповска.