Мисиите на ЕУ, ОБСЕ и ОН во земјава нема да организираат настани во објекти непристапни за лица со попреченост

Дипломатските мисии на Европската Унија, ОБСЕ и Обединетите Нации ќе избегнуваат да организираат настани во објекти во Северна Македонија кои немаат целосен пристап за лица со попреченост.

Ова, преку Твитер, го соопшти претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Бенџамин Перкс, кој вели дека за воспоставување на оваа нова пракса се согласиле заедно со Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Перкс во објавата на социјалната мрежа додава и дека ќе ги известат сите хотели и ќе ги информираат за оваа нивна одлука, со барање тие дополнително да ја зголемуваат пристапноста на нивните објекти.