Месечен додаток од 3.000 денари за младите вработени во производната дејност, гласи предлог-законот на Министерството за труд и социјална политика, кој Владата го усвои на последната седница.
Право на овој додаток ќе имаат млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.
Услови за добивање на младинскиот додаток се: младото лице да е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена дејност, да е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или да е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.
Целта на овој додаток, како што велат од МТСП, е поттик за вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование.