Меѓународен „ПичПрич“ на тема „Жени во текст“ на 29 април

„Жени во текст“ е темата на првиот меѓународен „ПичПрич“ кој е закажан за во четврток, на 29 април со почеток од 19 часот, каде во фокус ќе биде ставена перспективата на жените што пишуваат, како и начинот за кој се пишува за жените.

На настанот ќе зборуваат раскажувачките Техила Хакими од Израел, Рашја Кајат од Германија, Алиса Ганиева од Русија и Фиона Сампсон од Обединетото Кралство.

„Нашите раскажувачки се еминентни писателки од повеќе земји кои ќе зборуваат за тоа на каков начин се раслојуваат и вкрстуваат нивните идентитети како писателки и жени (како и други идентитети) или на кој начин пристапуваат кон постапката на пишување, како и читање на текстот и ликовите. Дали постои можност за субверзија литературна традиција во која се канонизирааат мажи, додека на жените им се дава улогата на музи, и кои се начините на (формално или содржинско спротивставување) на патријархатот во книжевноста?“, се вели во најавата за настанот.

Настанот ќе може да се следи на Фејсбук страницата на „ПичПрич“.