„Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“ – тема на утрешната конференција „е-Општество.мк“

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ утре со почеток од 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ по четиринаесетти пат ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Темата на овогодинешната конференција ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“.

На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и регионот, со крајна цел да придонесат во дефинирањето на приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентност и отчетност.

Целта на конференцијата е да обезбеди платформа за дискусија за состојбата со слободата на изразување и слободата на медиумите во Македонија – напредокот на реформскиот процес, повисоко ниво на медиумска писменост кај граѓаните, улогата на граѓанското општество во реформскиот процес за следење на комуникациите и степенот на транспарентност на институциите во Македонија и регионот, влијанието на транспарентноста врз довербата на граѓаните во институциите.

Мета