Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници

Утре (27 февруари) со почеток во 12 часот, Коалицијата сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници, во клубот ГЕМ, организира дискусија по повод објавувањето на публикацијата „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“.

Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници

Публикацијата го разгледува прашањето за почитувањето на новинарските стандарди при известувањето за различностите и за дискриминацијата, особено врз основа на родот, сексуалната ориентација, здравствениот статус или припадноста кон одредена маргинализирана група.

„Медиумите и медиумските професионалци имаат една од главните улоги во борбата против дискриминацијата и во охрабрувањето на интеркултурниот дијалог. Со препознавањето и со осудата на дискриминацијата, говорот на омраза и на насилството кон маргинализираните групи, новинарите можат да помогнат во надминувањето на нееднаквоста и на повредите на основните права“, стои во соопштението на организаторот.