Мажи низ цела Холандија се држат за раце како протест против геј-насилство

Пет тинејџери и еден 25-годишник беа притворени викендот по нападот на двајцата геј мажи во холандскиот град Арнхем, во раните утрински часови во неделата.

Во моментот на нападот жртвите се држеле за раце, а потоа Рони Севратан-Вернес останал без четири заба и отсечена усна, додека неговиот партнер Џаспер Вернес-Севратан со повредени ребра, објави indy100.

Севратан-Вернес рече дека тие обично ја кријат нивната врска, но решиле да се држат за раце откако навечер се враќале дома.

Како одговор на нападот, парламентарецот Александер Печтолд, лидер на либерално-демократската партија Д66 и финансискиот експерт Воутер Кулмес решија да се држат за раце, со цел да покажат поддршка за геј парот.

Тие пристигнаа заедно во Хаг на преговорите за формирање нова холандска влада.

Но, ова не го прават само членови на парламентот. Новинарката Барбара Беренд титна до сите мажи – охрабрувајќи ги да се држат за раце во јавност и да покажат поддршка против хомофобичност и насилство.

Ова набрзо се прошири низ цела Холандија. Насекаде се споделуваат фотографии како мажи се држат за раце и истовремено се шири хаштагот  #allemannenhandinhand.