Масивен хакерски напад ги погоди организациите низ светот

Голем сајберски напад со користење на алатки за кои се верува дека се развиени од Агенцијата за национална безбедност на САД, погоди организации од целиот свет.

Компјутери на илјадници локации беа заклучени со програма која бара 300 долари во биткоинти.

Според дел од извештаите, со нападот биле инфицирани 99 земји, меѓу кои Велика Британија, САД, Кина, Русија, Шпанија и Италија.

Фирмата за сајбер безбедност „Аваст“ рече дека утврдиле 75.000 случаи на малверот познат како WannaCry и варијанти на тоа име, низ целиот свет.

„Ова е огромно”, рече Јакуб Крустрек од „Аваст“.

Многу истражувачи велат дека инцидентите се чини дека се поврзани, но велат дека можеби не е координиран напад врз специфични цели.

Во меѓувреме, паричниците за дигитални криптовалути, како биткоинот, кои беа навидум поврзани со нападите, почнале да се полнат со пари.

Националната здравствена служба во Англија и Шкотска се чини дека е меѓу најпогодените и слики од екранот на програмата WannaCry беа споделени од страна на персоналот.

Болниците и ординациите на лекарите биле принудени да ги откажат пациентите и да ги одложат прегледите. Еден работник изјави дека пациентите страдаат како резултат на овие напади.

Според дел од извештаите, Русија најмногу била инфицирана. Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека го „лоцирале вирусот” по „нападот на персонални компјутери со користење на Windows оперативниот систем”.

Голем број на корисници на Твитер споделија фотографии од погодените компјутери, меѓу кои локалната машина за делење билети на железничка станица во Германија и компјутерската лабораторија на универзитетот во Италија.

Голем број на шпански фирми – вклучително и телекомуникацискиот гигант Телефоника, енергетската фирма Ибердрола и провајдерот за комунални услуги Гас натурал настрадаа од нападот. Дел од медиумите пишуваат дека на вработените во фирмите им било кажано да ги исклучат нивните компјутери.

Португалскиот Телеком, компанијата за испорака FedEx, шведска локална власт и Megafon, втората по големина мобилна мрежа во Русија, исто така, биле погодени.

Некои експерти велат дека нападот е направен за да ја искористи слабоста во системот на Мајкрософт што ја идентификуваше НСА, именувана како EternalBlue.

Алтките на НСА беа украдени од страна на група хакери позната како „Брокери во сенка“, кои потоа се обидоа да го продадат шифрираниот кеш на онлајн аукција. Сепак, тие потоа ги направија алатките достапни онлајн, ослободувајќи лозинка за енкрипција на 8 април.

Хакерите рекоа дека ја објавиле лозинката како „протест” против претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Случаен херој“ привремено го запре ширењето на вирусот.

Истражувач за безбедна сигурност од Велика Британија, кој „твита“ под псевдонимот @MalwareTechBlog рече дека тој случајно успеал привремено да го запре вирусот.

Тој вели дека забележал дека вирусот е во потрага по веб адреси, кои не биле регистрирани. Тој го купил името на доменот за околу 10 долари и покажа дека со регистрирање го „убил“ црвот. Но, тој предупреди дека најверојатно ова е само привремено решение.