Мариглен Демири повикан на информативен разговор, Левица бара укинување на притворот за двајца членови

Мариглен Демири, членот на президиумот на Левица, денеска беше повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство поради учество во толпа, соопштија од Левица.

Како што информираше Бранимир Јовановиќ од Левица, по завршувањето на информативниот разговор обвинителот не побарал превентивни мерки за Демири. За време на денешната прес конферениција, Јовановиќ побара повлекување на и на мерките за куќен притвор за двајца нивни членови.

„Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше. На граѓаните им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши движењето и да се спаси. Граѓаните препознаваат селективна правда и затоа денеска ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата“, велат од Левица.