Мариеке Лукас Ријневелд се најмладите добитници на книжевната награда „Букер“ за својот роман „Нелагодноста на сè“

29 годишниот/годишната автор/ка Мариеке Лукас Ријневелд стана најмладиот/та автор/ка што некогаш ја добил/а престижната книжевна награда, за својот дебитантски роман „Нелагодноста на сè“, кој е опишан како „виртуозно дело“.

Книгата која веќе е бестселер во Холандија, ја следи приказната на Џас, девојка која живее во радикално христијнско семество, а нејзиниот брат умира во несреќа откако таа наивно ќе посака наместо нејзиното зајче – да почине брат ѝ. Додека целото семејство тоне во очај, таа сè повеќе навлегува во нејзините опасни фантазии.

Слично како и Џас, Ријневелд растел/а во строга религиозна заедница во рурална Холандија, но, исто така и братот на Ријневелд починал кога тие имале само три години. Иако Ријневелд е наградуван/а авторк/а во Холанија, тие и понатаму живеат на фарма, но не со своето семејство.

„Фармерскиот живот ме одржува скромен/на. Кравите се моите најдобри пријателки, уживам во чистењето на шталите“, истакнал/а авторот/ката.

Добивајќи ја Букер наградата автор/ката истакнал/а дека е среќна како што може да е среќна крава со седум боски.

„Тоа е неверојатна чест. Денес, светот е наопаку и ја покажува својата темна страна – често се сретнувам со овие зборови. Па затоа, пишувајте, читајте, победувајте, губете, сакајте се еден со друг, но сево ова правете го неуморно“, додал/а Ријневелд.

Иако книгата е издадена во Холандија во 2018 година, родителите на Ријневелд сè уште не го имаат прочитано романот.

„Се надевам дека еден ден моите родители ќе го прочитаат романот и ќе се чувствуваат гордо. Се надевам дека ќе сфатат дека станува збор за роман, а не за нашите животи. Но сега, сè уште е многу рано“, истакнал/а Ријневелд, додавајќи дека веќе во април нивната мајка го прочитала романот.

Ријневелд не се опишува себеси како транс личност, туку „нешто помеѓу“.

„Како мал/а се чувствував како момче, се облекував како момче и се однесував како момче, но на таа возраст децата уште се родово неутрални. Веќе во адолесценцијата, поделбата станува појасна и јас почнав да се облекувам како девојче и станав девојче, но во 20тите години повторно станав момчето кое бев како дете. Многу е тешко да им објаснам на родителите дека не сум девојчето кое го одгледале. Такво нешто не постои во Библијата“, истакнал/а авторот/ката.

Тед Хоџиксон, претседателот на жири комисијата за наградата „Букер“ изјавил дека било претешко да се избере од листата со шест книги номинирани за наградата, но изборот паднал на романот на Ријневелд. Севкупно, изборот содржел 124 дела, преведени од 30 различни јазици.

Тој за романот нагласил дека е шокантен.

„Романот обработува многу тешки аспекти од живото – ненадејната смрт на братот, семејна тага, дел од неверојатните моменти од религиозното воспитување и животот на холандска фарма, што може да биде тешко место за живеење“, соопштил Хоџиксон.

Книжевната награда „Букер“ се доделува секоја година за роман или за збирка куси раскази преведени на англиски и/или издадени во Велика Британија или Ирска.

Извор: Guardian