Мапа покажува колку проценти од светот сте го пропатувале

My travel map“ е интересна алатка на социјалните мрежи која покажува колку одредена личност го пропатувала светот.

Потребно е корисниците да се логираат на некоја од следните платформи како: Фејсбук, Гугл, Мејл. Ру, Вконтакт, Баиду и Веибо, по што се впишуваат државите во кои се патувало.

Оваа интерактивна алатка дозволува и нечија мапа да се спореди со пријателите на социјалните мрежи.

Оваа мапа можеби ќе ве охрабри во 2017-та година да ги посетите местата каде досега не сте имале прилика да патувате.