Мапа на земји во кои најмногу се пуши канабис

Легалниот статус на канабисот се менува глобално, а се повеќе земји решаваат да го направат рекреативното и медицинското користење на дрогата дозволено.

Индустријата на марихуана цвета во САД: во државата Колорадо, каде марихуаната е легална за реакреативна употреба, има тотален приход од 72,8 милиони долари до октомври 2016 година.

Декласификацијата на билката во многу делови од доведоа и до научни истражувања за потенцијалните бенефиции на дрогата.

Во Македонија, во 2016 година се направи исчекор кон легализација за медицински цели, коа беше дозволено користењето на масло од канабис со дозвола од лекар.

Еве мапа на земји кои најмногу користат канабис, изразена како процент од населението во секоја држава.

Во Европа, најмногу канабис се користи во Исланд, каде дури 18 проценти на населението имаат навика да пушат „трева“. По нив доаѓаат Французите (11 проценти), Италијанците (9 проценти) и Шпанците (9,2 проценти). Иако во некои градови во Холандија и Чешка употребата на марихуана е легална, имаат по 6,2 проценти употреба на марихуана.

Во САД и Канада бројките се повисоки – 12,7 и 16,2 проценти. Но, овие бројки не се изненадувачки, бидејќи и двете федерации имаат држави во кои е легална.

Во Јужна Америка, канабисот не е често користена дрога, а само Чиле и Уругвај пријавуваат голема употреба.

Нигерија и Замбија се двете држави во Африка каде се користи многу канабис, но повеќето од нив немаат никакви податоци. Поради тоа, тие делови од мапата немаат боја.

Од источната страна на светот, многу канабис се користи и во Австралија и Русија.