Ману Чао го сруши рекордот на Егзит

Повеќе од 52 000 луѓе го пречекаа Ману Чао на главната сцена на Егзит кој ги засени сите досегашни изведувачи на главната сцена на Егзит и го сруши рекордот по бројот на посетители во еден ден. На Петроварадинската тврдина синоќа се пееше и играше до 8 часот наутро, а влезниците беа распродадени нешто по полноќ.

Главната бина ја отвори загребската кант авторка Сара Ренар, по што на сцената се појави славниот џезер Душко Гојковиќ, придружен од Биг бендот на РТС. Тоа беше прекрасна увертира за соулменот Џон Њумен. По одличниот настап на Џон Њумен, дојде време за најпосетениот концерт на сите времиња на фестивалот Егзит. Еден од најважните гласови во светската музика, Ману Чао, кој што ја разнесе главната сцена со настап за паметење. Реакциите на публиката на Ману Чао Ла Вентура беа толку гласни, што пеењето се слушаше и во горниот град во Нови Сад, од каде што се слеваа илјадници луѓе за на главната сцена да ги чујат омилените хитови од Ману Чао и да ја сведочат општата 2-часовна еуфорија.

Дополнително, светски познатата Денс Арена беше преполна кога на сцената се појави еден од најпопуларните диџеи во моментов – Мартин Гарикс. 19-годишниот Холанѓанец воодушеви со своите заразни битови, а интересно е дека на фестивалот пристигна со приватен авион, во кој беа и неговата малолетна девојка и нејзиниот татко. Гарикс не го криеше своето воодушевување и за време на настапот на Егзит му го честиташе 15-от роденден, со отворен восхит од прочуената глетка на Денс Арената.

Неверојатната енергија на Икс-бас програмата во саботата вечер ја предводеа Хана Вотс и Хадсон Мохок, додека Фјужн стејџот ги пречека Хај 5, Канда Коџа и Небојша и Фод. Пред преполната Експлозив сцена настапија легендите Нуклеар асалт, додека апсолутни ѕвезди на Фјучр шок сцената беа инди шмекерите од Риека, Џонатан.