Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ Клуб

Во ГЕМ Клуб се одржува Мал новогодишен саем на книги кој го организира издавачката куќа Темплум.

На саемот, кој ќе трае до 29 декември, може да се купат изданијата на Темплум, Бегемот, Готен, Блесок, Слово, Кликер, Сигма прес, Восток, ПриватеПринт…. Во рамки на саемот ќе има и промоции на книги.

Во петок, последниот саемски ден, во 12 часот ќе биде доделена наградата „Новите!“ за 2017 година, а од 20 часот ќе биде организирана вечер посветена на писателката Лилјана Дирјан (1953-2017).