Ангажирањето на работници за прекин на штрајк, односно за замена на работниците со други, претставува сериозна повреда на слободата за здружување, велат од Меѓународната организација на трудот за Дојче веле на македонски јазик.
Законски воведување на штрајкбрехерството, незаконско блиндирање на стравот од штрајкови, гушење на едно од последните работнички права… Со вакви оценки и критики е проследено усвојувањето на измените во законите за основно и за средно образование, кои воведоа рестриктивен пристап во правото на штрајк во образованието, преку можноста наставниците штрајкувачи да бидат заменети со други додека трае штрајкот. Законските измени, кои по скратена постапка беа усвоени во законодавниот дом, ги загрижија синидикалните организации, но и Меѓународната организација на трудот (МОТ), со која Македонија има потпишано повеќе конвенции, кои ја гарантираат слободата на здржување и правото на штрајк, пишува Дојче веле.
Емил Крстановски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот, вели дека ратификувањето на Конвенција од страна на Македонија, значи дека државата прифатила обврска да ја спроведува Конвенцијата и дека подлежи на системот на супервизија на МОТ.
„Слободата на здружување, правото на колективно договарање и правото на штрајк се фундаментални права. Тие права произлегуваат од Конвенција за слободата на здружување и заштита на правото на организирање, 1948, (бр.87) и од Конвенција за правото на организирање и колективно договорање, 1949, (бр.98). И двете Конвенции се ратификувани од Македонија и се дел од правниот поредок“, потенцира националниот координатор на МОТ.
Целата анализа прочитајте ја на следниот линк.