Македонија на 66 место според Индексот на корупција за 2015

Македонија се најде на 66 место на листата од 168 држави во светот според Индексот на корупција за 2015 година, објавен од Транспаренси Интернешнл.

Најдобро позиционирана од земјите во регионот е Словенија, на 35 место, Хрватска на 50 место, Грција на 58 место, Црна Гора на 61 место. Полошо рангирани од Македонија се Бугарија на 69 место, Србија на 71 место , Босна и Херцеговина на 76 место,  Албанија на 88 и Косово на 103 место.

Според Индексот за 2015 година, најкорумпирани во светот се Сомалија и Северна Кореја, додека на врвот на листата се Данска и Финска.