Професори во соработка со Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“ изработија лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата во средно образование.
Еден од тие документарни филмови е „Боговите од Моленбек“ во сценарио и режија на Рита Хухтанен, кој во 2019-та освои две награди на фестивалот „МакеДокс“. Тој беше прикажан викендов во кино Фросина, по што следуваше дискусија и презентација на моделот за работа.
Професорите кои присуствуваа на настанот добија прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и турски јазик.
Во проектот засега се вклучени 11 професори од средни училишта кои предаваат на македонски и албански наставен јазик.
Проектот се реализираше во изминативе два месеци како дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје.