Луѓето школувани во приватни училишта ги добиваат најдобрите работни места

Луѓето во Британија, школувани во скапите приватни училишта се во огромно мнозинство на најдобрите работни места во клучните занимања во Велика Британија, покажува последното истражување на хуманитарната организација Sutton Trust.

Оваа надмоќност е особено вислива во судството, каде 74 проценти од судиите учеле во некое приватно училиште, покажува истражувањето. Според Sutton Trust, ова е знак дека до клучните работни места и натаму можат да стигнат речиси исклучиво богатите луѓе (кои единствено можат да си дозволат приватно образование).

Како резултат на ова истражување, формирана е посебна парламентарна група, која треба да ги истражи начините за поголема вклученост на луѓето со посиромашно потекло на раководните позиции. Организацијата се залага за еднаков пристап кон образованието за сите и бара да се донесат поцврсти закони со кои ќе им се овозможи на талентираните ученици од јавните училишта да стигнат до повисоките позиции во општеството.

Според извештајот, над 70 проценти од генералите во британската армија оделе во приватни училишта, а кај лекарите, поваа бројка е 61 процент. Интересно е и што повеќе од половина од уредниците и познатите новинари (51 процент) во Велика Британија исто така се образовале во приватни школи, како и околу една третина (34 проценти) од највисоките менаџери во водечките компании.