Летна филмска вечер со „Младите можат“ – проекција на „Inside Out“

„Младите можат“ за утре организира филмска вечер во канцеларијата на организацијата со почеток во 19 часот. Ќе се прикажува анимираниот филм „Inside Out“.

Дејството во филмот се случува во умот на Рајли Андерсон, 11 годишно девојче кое се сели во Сан Франциско со нејзините родители. Петте нејзини емоции (Радост, Страв, Бес, Гадење и Тага) на чело со Радост, ја водат низ нејзиниот живот во новата околина и сите промени со кои се соочува. Како резултат на стесот од преселбата, Тага на момент ќе го преземе водството во умот на Рајли, потоа ќе се скараат со Радост и единствените емоции кои ќе останат со Рајли се Страв, Бес и Гадење. Како таа ќе се справи со нив?
Со оглед на тоа дека никогаш не сме стари за Дизни филм, ве покануваме заедно да уживаме гледајќи го Inside out и потоа инспирирани од темата на филмот да дискутираме за емоциите и како ние се справуваме со истите.

„Младите можат“ се наоѓаат на улица „Охрдиска“, бр 39, спрат 3, стан 10.

„Доколку сакате да ви е поудобно за време на филмот понесете со себе нешто меко за седење, а ние ќе обезбедиме пуканки и „кино“ атмосфера“, стои во најавата за настанот.

Влезот е бесплатен, но организаторите нагласуваат дека претходно треба да се најави присуство на следниот ЛИНК.