„Лајка“ со препораки за превенција од топлотен удар кај кучињата

Поради високите летни температури, од претпријатието „Лајка“ излегоа со низа препораки за како граѓаните да ги препознаат симптомите на топлотен удар кај милениците, но и како да ги заштитат.

Оттаму препорачуваат кучињата да се шетаат во раните утрински часови и доцна навечер.

„Обезбедете му соодветно место, заштитено од сонцето доколку престојува на отворен простор. Никогаш не го оставајте вашиот миленик внатре во затворено возило , па дури и кога се работи за денови со ниски температури. Избегнувајте шетање по асфалт , тоа може да доведе до изгоретини на шепите на вашиот миленик. Често менувајте им ја водата за пиење“, гласат препораките.

Симптомите кои би укажале дека кучињата се соочуваат со топлотен удар се: oтежнато и забрзано дишење, зголемен пулс и работа на срцето, прекумерно лачење на лигавица од устата, мускулна слабост, крвава столица и нагони на повраќање, како и зголемена телесна температура.

Во случај миленикот да има топлотен удар, од „Лајка“ препорачуваат граѓаните веднаш да се обратат на ветеринар, или ако не се во можност за тоа, да го однесат во затемнета просторија каде нема да има директен контакт со сонцето.

„Поставете ладно-мокра крпа над неговиот врат и глава (и повторувајте ја постапката повеќе пати), Доколку сте во можност обезбедете цревосо вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен. Колку што е можно побрзо посетете го вашиот ветеринар“, се вели во соопштението.