Кривична пријава за Македонец што го навредил Ердоган на Фејсбук

Амбасадата на Турција во Македонија поднесе кривична пријава против Македонецот Е. А поради искажани навреди на Фејсбук против Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, пишува агенцијата Анадолу.

Во соопштението се вели дека бидејќи лицето користело иронични, навредливи и несоодветни зборови, до овластениот обвинител во Република Македонија против него е поднесена кривична пријава.

„Имајќи ги предвид блиските односи меѓу двете земји, предлагаме овластениот обвинител да ги направи потребните чекори во насока на казнување на осомничениот против кого е поднесена кривична пријава“, стои во соопштението.