Краудфандинг кампања за мерни уреди за загадувањето

Преку платформата за групно вложување letsfundit.mk започна краундфандинг кампања за набавка на сензори на амбиентален воздух.

„Како последица од неработењето и лимитираноста на државните станици за мерење на квалитет на амбиенталниот воздух, се роди идејата за Airly. Станува збор за 10 мерни уреди кои што треба да се инсталираат во неколку градови ширум државата . По еден сензор ќе добијат Тетово, Гостивар, Битола, додека останатите 7 ќе бидат инсталирани во Скопје. Потребната сума вклучува набавка на 10 сензори, нивна инсталација, тековно одржување и калибрации потребни за беспекорна работа на уредите“, стои во повикот за групно вложување на сензорите, проект-иницијатива на Тони Никушевски.

Според соопштението, Airly е комплетно изграден и независен систем за мониторинг на кавалитет на амбиентален воздух, развиен во Полска а денес веќе глобално присутен.

„Стандардот кој што овие сензори го имаат пропишано од страна на повеќе регулаторни тела во државите членки на ЕУ е наречен EN 16450:2017, а се однесува за автоматски уреди кои што мерат ПМ 2,5 , ПМ 10 честички и во склад со Европската директива за воздух – 2008/50/EC“, се вели во соопштението за краудфандинг кампањата.