Кралев: Се размислува математиката да биде задолжителна на државната матура

Кралев: Се размислува математиката да биде задолжителна на матурски испитМинистерот за образование и наука, Панче Кралев, најави дека веќе се размислува од наредната година и математиката да се воведе како задолжителен предмет при полагањето на државната матура, пренесува Ирис.

Министерството за образование испратило допис до училиштата во земјава, матурските вечери да се одржуваат по 20 мај, со забелешка – организацијата околу матурските вечери да не ја прават во текот на наставата.

Околу седумстотини матуранти годинава ќе го завршат своето образование во четири средни училишта во Штип, пренесува ТВ Ирис. Во тек е полагање на практичниот дел и проектните задачи, а на 8 јуни ќе полагаат мајчин јазик. На 11 јуни, по избор, ќе се полага математика или странски јазик.