Крај за „вечните“ грчки студенти

Околу 180 илјади „вечни студенти“ во Грција се соочуваат со исклучување од универзитетите  информираше Министерот за образование Андреас Ловердос. Тој најави дека од новата академска година која во Грција почнува во септември ќе се примени Законот за исклучување на овие студенти.

Students take a university entrance examination at a lecture hall in the Andalusian capital of Seville

Министерот посочи дека студентите кои од 2007 до 2011 година, не ги комплетирале своите студии , а останале запишани на факултет веќе се известени за исклучувањето. Тој тврди дека институциите се погрижиле за давање дополнителен период за полагање на испитите, за да им излезат во пресрет на „вечните“ студенти.

Пред неколку месеци грчкото Министерство за образование постави ултиматум до 180.000 „вечни“ студенти да го завршат високото образовани до крајот на јуни во спротивно ќе ги изгуби студентските права.

Ефектот на „вечните студенти” варира од универзитет на универзитет. Поновите универзитетски оддели имаат малку вакви  студенти, додека програмите не бараат лаборатории и друга специјалистичка опрема и не се финансиски оптоварени. На одлуката за спроведување на законот пак се очекува жестока реакција меѓу студентите и високообразовните институции.

Извор: ТоВима