КП „Македон“ распишува „Конкурс за најдобра планинска фотографија“

Планинскиот клуб „Македон“ распишува конкурс за Најдобра планинска фотографија.  Конкурсот ќе трае до 11 декември – Денот на Планината, а организаторите велат дека се во потрага по фотографии кои ќе претстават македонски планински убавини.

Заинтересираните своите автентични дела треба да ги испратат на мејл адресата sliki.makedon@gmail.com, како и да приложат име и презиме, краток опис за фотографијата, датум и локација.

Фотографиите треба да се авторски и направени во изминатите три години.

Од ПК „Македон“ истакнуваат дека фотографиите треба да се правилно експонирани, да претставуваат остра и задоволителна композиција и да имаат добра резолуција со минимум 2000 пиксели.

„Избирањето на фотографиите ќе биде од страна на жири составено од планинари и професионални фотографи, со кои ќе бидете запознаени додека трае овој конкурс. Добитниците на првите три места ќе ги објавиме на 16 декември на нашите социјални мрежи. Ве охрабруваме да се пријавите – да направиме овој настан да прерасне во долгогодишна традиција“, велат организаторите.

Тие додаваат дека за трите најдобри фотографии ќе следуваат и награди.