Косовските училишта затворени поради нафта опасна по здравјето

Градоначалникот на Приштина донесе одлука синоќа да се прекине наставата во сите основни и средни училилишта во градот поради сомневање дека нафтата што се користи за затоплување на објектите е опасна по здравјето.

Косовските училишта затворени поради нафта опасна по здравјето

Наставата ќе биде прекината се додека не се добијат резултати од анализа на енергенсот. На прес конференција Шпенд Ахмети рече дека според анализи во нафтата има сулфур за 600 пати повеќе од дозволеното со уредби на Владата на Косово.

Дополнителната анализа ќе ја прават во Националниот институт за јавно здравје. Наводите на градоначалникот беа оквалификувани како невистина од страна на официјални лица од Министерството за трговија и индустрија.