Косово првпат има кандидат за „Оскар“

Косово избра филм-кандидат во трката за Оскар за најдобар странски филм, првпат од прогласувањето на независноста на земјата во 2008 година.

Косово првпат има кандидат за „Оскар“

 За место меѓу најдобрите филмови од странско говорно подрачје на „Оскарите“ ќе се бори филмот „Три прозорци и едно бесење” (Three Windows and a Hanging), во режија на Иса Ќосја.

Филмот, во кој мала улог толкува и српската актерка Мирјана Карановиќ, е приказна за косовско село кое мора да се соочи со последиците од силувањата на жените за време на војната во Косово 1998-1999 година.

Филмот во август имаше премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде ја освои наградата „Cineuropa“, а критичарите го нарекоа „најдобриот долгометражен филм од Косово досега“. Филмовите кои ќе влезат во конкуренција за „Оскар“ ќе бидат познати во декември. 87-то доделување на наградите е закажано за 22 февруари.