Koop Oscar Orchestra на 14 април настапуваат во Скопје

Koop Oscar Orchestra на 14 април ќе настапат во Младинскиот културен центар во Скопје. Концертот е во организација на МКЦ и Пасворд продукција.

„Многу музички бендови звучат како Koop, но Koop звучат како никој друг. По 10 години борба, Oscar Simonsson, композиторот и продуцентот кој стои зад шведската џез/електронска сензација Koop, замина од сцената на која се одржа последниот концерт на овој бенд. Koop издадоа три албуми кои се сметаа како пресвртна точка во електронската сцена – “Sons of Koop”, ”Waltz for Koop” и ”Koop Islands”. Иако никогаш не беа во центарот на вниманието, нивната идеа ја пренесуваа нивните фанови и андерграунд сцената, додека не дојдоа до точка кога нивната музика беше комплетно разбирлива.

Пет години по распаѓањето на Koop, Oscar Simonsson чувствувал дека е повторно подготвен за музика. Имајќи во глава неколку идеи за нови песни, Simonsson немал идеа како истите би можел да ги објави. По кратко дружење со литванската пејачка Jazzu, ја прашал дали би сакала да проба неколку нови песни со него. Така дознава колку му недостига музицирање со други артисти, па одлучува да состави бенд со Jazzu како вокал. Го нарекува бендот Koop Oscar Orchestra (KOO). Главната мисија на KOO е да ја слави големината на музиката, особено моментот што музиката има способност да ги поврзе луѓето на начини на кој ништо друго не може. Бендот прераснува во состав од седум музичари и нивното прво појавување во јавност е во есента 2015 година. Составот изведува песни кои Simonsson ги има напишано за Koop, заедно со други необјавени материјали, понекогаш проследени со автентичен фолк звук. За него, “суштината на музиката е да се состават повеќе различни звуци. Особено за сите тие осамени луѓе на сцена со лаптоп, преправајќи се дека прават нешто – да им ги растрепери срцата“, се наведува во најавата за концертот.

Билетите ќе може да се купат преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ по цена од:
300 денари до 17 март, 400 денари од 18 март до 13 април и 500 денари на денот на концертот.